Сонувај, посакај, направи – Мотивациски ден за млади

Во среда (12 март) ќе се одржи Мотивациски Ден за млади во просториите на ГЕМ клубот (Менада). Настанот е иницијатива во рамки на проектот „Make a change: BE A VOLUNTEER“, а ќе трае од 12 до 18 часот.

Мотивациски ден за млади

Целта на иницијативата е да се мотивираат младите да работат на себе, на приватен и професионален план пренесено преку млади успешни луѓе кои ќе ја изнесат својата приказна за нивниот досегашен успех.

Понатаму, ќе одржат две работилници за личен и професионален развој преку кои младите ќе имаа можност да се запознаат со неформалното образование и да се стекнат со вештини што му се потребни на секој млад човек.

Агендата за настанот може да се преземе ОВДЕ.