СОНК го стави штрајкот во мирување

Најавите за генерален штрајк на просветните работници се ставаат во мирување. Наместо во понеделник, штрајкот ќе почека до конечната одлука на Министерството за образование и наука за покачување на платите.

Оваа одлука Самостојниот синдикат за образование, наука и култура ја донесе по кратка консултација со министерот за образование Арбер Адеми во нивните простории, јави ТВ Телма.

„Конечен одговор на барањето на СОНК за зголемување на платите во образованието од јануари, МОН ќе одговори утре“, соопштија од Синдикатот на нивната Фејсбук страница.

Како што јавува ТВ Телма, министерот Адеми ги поканил СОНК на уште една средба утре.

Досега се одржаа еден предупредувачки протест и три средби со надлежните преку кои СОНК бараа зголемување на платите во образованието. Од Синдикатот бараат покачување за 10% од јануари.