Sónar 2017 ги обединува водечките и нови таленти од електронската музичка сцена и дигиталната култура

Дваесет и четвртото издание на музичкиот фестивал Sónar ќе се одржи на 15, 16 и 17 јуни во Барселона. 

Секоја година Sónar ги обединува водечките артисти и новите таленти од областа на музиката и аудио визуелната продукција, славејќи ја електорнската музичка сцена и дигиталната култура. Уште од самиот почеток, вредностите на фестивалот се јасно дефинирани: да се создаде врска помеѓу креативноста и технологијата, да се обединат во еден глобален настан кој ќе биде место за средба на креативни луѓе од различни дисциплини и заедници.

Активностите се поделени во два главни сегмента: Sónar by Day, кој се одржува во Fira Montjuïc во чиј склоп се одржуваат концерти и DJ настапи од современи локални артисти, па се до светски премиери на интернационално познати уметници и Sónar+D – меѓународен конгрес кој се фокусира на на дигитална култура и креативни технологии, а на него учествуваат повеќе од 50 говорници, стотици изложбени компании и 4500 професионалци од целиот свет.

Вториот сегмент е Sónar by Night, сместен во Fira Gran Via de L’Hospitalet, a таму гигантите на клупскиот свет се дел од ноќниот распоред на фестивалот.

Фестивалската програма, како и секој година, и оваа е повеќе од одлична. Иако се објавени само дел од настапувачите, веќе ги среќаваме имињата: Anderson Paak & The Free Nationals, Seth Troxler & Tiga, Nina Kravitz, Nicolas Jaar, Moderat, Little Dragon, Joe Hopkins, HVOB, Carl Craig, De La Soul, The Black Madona и многу, многу други.

Цените за картите за фестивалот се движат од 54 евра за еднодвневна карта за Sónar by Day, па се до 270 евра за ВИП влезница за целиот фестивал.

Sónar за прв пат се одржува во далечната 1994 година. Фестивалот претставува пиoнерски културен настан со уникатен формат и содржина. Со текот на годините тој стекнува првокласна репутација и станува рефенца за многу други меѓународни фестивали, благодарение на вниманието кое се посветува во кураторството, комбинирајќи ја природата, авангардата и експериментирањето со најсовремените танци и електронска музика.

Уште од 2002 година преземајќи ја философијата на Sónar, да открива на нови, уникатни места, акцентирајќи ги новите млади таленти од домашната сцена, тимот зад овој настан има организирано повеќе од 50 настани во различни делови на светот.

Идејата за фестивалот секоја година патува се подалеку, во изминатите години беа организирани фестивали во градовите: Рејкјавик, Стокхолм, Копенхаген, Буенос Аирес, Њујорк, Лондон, Кејп Таун, Франкфурт, Сеул, Лисабон, Лион, Хамбург, Торонто, Монтреал, Чикаго, Бостон, Денвер, Лос Анџелес, Токио и Осака.

К.В и А.С.