[Сонар 2016] Спектакуларно затворање на фестивалот и незаборавно искуство

Последниот ден од Сонар авантурата во Барселона помина со летен дожд, што пак само го зачини денот со свежина. Ова секако не ги спречи фановите од повеќе од 100 земји да го наполнат „Sonar Vilage“ и „Sonar Dome“, во текот на последниот ден од фестивалот.

Sonar day 3-9

А денот во Барселона со сонце по дождот беше преубав за уште едно ново искуство од Сонар фестивалот. И покрај набиениот фестивалски распоред од претходните два дена, присутните се забавуваат на трите бини, одмораа во зоните за одмор, навалија на вкусната храна од десетици различни светски кујни. Во тие мигови помислувате дека фестивалот ќе трае уште многу денови, но сепак брзо станува јасно дека ова беа последните часови пред вечерните забави најавени за неговото затворање.

На „Sonar By Day“ третиот ден наsтапија Nozinja, Sections Boyz, Drippin, Bruna & Wooky+Alba G.Corral, Howling… Секторот D повторно го привлече вниманието со изумите и новите дигитални технологии. Интересни форми и нови звуци групираа луѓе што ги испробуваат новитетите.

Sonar day 3-3

Редици луѓе ги разгледуваа штандовите за виртуелна реалност и технологија и опремени со помали или поголеми маски доловуваа дел од новиот, дигитален свет.

Sonar day 3-5

„Sonar by Night“ пак беше во знакот на техното на сите четири бини. Како ѕвезда на вечерта беше најавен настапот на Laurent Garnier, познат по своите седумчасовни сетови. Неизбежни беа турканиците за влез на неговиот настап, а публиката беше презадоволна. А за сите да останат среќни и расположени, како и за да издржат до самиот крај, Laurent го намали темпото околу 4 часот по полноќ, на општо заволство на присутните.

„Sonar Club“, најголемата од сите хали имаше беше полна во текот на целата вечер, благодарение на богатиот „лајн-ап“ на Booka Shade, Eats Everything, Fatboy Slim и Paco Osuna, по овој редослед. Забелешка беше дека можеби би било подобро вечерта да ја отвореше Fatboy Slim, а техно диџеите да се надоврзат еден на друг.

Sonar day 3-12

Во текот на целата вечер имаше одлични визуелизации, а на сетот на Eats everything преовладуваа видеа со политичка тематика, што уште еднаш покажа дека исмевањето на политичарите е глобална тема.

Sonar day 3-21

Sonar day 3-23

Други интересни имиња на останатите бини во текот на последната вечер „Sonar by Night“ за годинава беа Craze, Boys Noize, Jackmaster, Bicep, Ben Klock.

Година Сонар го посетија 115 500 лица од 101 држава, соопштија организаторите. 53 отсто од публиката беа странци, наспроти 47 отсто Шпанци. „Sónar by Day“ донесе вкупно 46 500 посетители, додека случувањата на „Sónar by Night“ ги видоа 69 000 лица.

За Радио МОФ од Барселона известуваат Надица и Ангел Ангеловски

Во продолжение погледнете ја и галеријата од последниот ден на Сонар 2016.

Sonar day 3-6

Sonar day 3-4
Sonar day 3-2

Sonar day 3-1 (1)

Sonar day 3-7

Sonar day 3-8

Sonar day 3-10

Sonar day 3-11

Sonar day 3-13

Sonar day 3-14

Sonar day 3-15

Sonar day 3-16

Sonar day 3-17

Sonar day 3-18

Sonar day 3-19

Sonar day 3-20

Sonar day 3-24 Sonar day 3-25

Sonar day 3-26