[Сонар 2016] Прв ден од фестивалот, Барселона ги исполнува очекувањата

Никогаш нема доволно време да се стигне секаде каде што се сака во Барселона, нејзината големина го консумира времето и тоа лета, посебно во денови кога се одржува фестивал како Сонар. Вчерашниот ден беше прв на програмата „Sonar by Day“, заедно со уште една, ненајавена  забава, како одлично изненадување за посетителите, на „Sonar by Night“. И синоќа, на изненадување на публиката, на неколку часа пред почетокот беше најавен настапот на „Fat Boy Slim“ и шпанскиот UNER, во големата сала каде што вечeрва официјално започнува фестивалската програма „Sonar by Night“.

Sonar day 1-23

„​Sonar by Day“ се одржува на едно магично место близу плоштадот Еспаниа, голем објект во кој има место за три сцени, интернет кафуле од кое инстантно излегуваат информации во медиумите, но и простор за работилници на две нивоа, со интересно дизајнирани штандови, од каде пак доаѓа се што е ново во дигиталниот звук и технологија. Таму можат да се видат неверојатни изуми кои произведуваат звук на сите можни начини.

Sonar day 1-3

Вчерашното дневно издание на Сонар, „Sonar by day“, беше микс од повеќе стилови и музички жанрови како хип хоп, трип хоп, прогресив… Ѕвезди за овој ден беа The Black Maddona, Bob Moses, Kenny Dope, Kelelа, David August, James Rodes. Во меѓувреме Jean-Michel Jarre имаше свое излагање за светот на електронската музика и како таа ќе се развива во иднина со помош на машините.

Организацијата на Сонар како настан е масивна и беспрекорна, од транспортот до главните случувања, начинот на влегување, информативните бироа, прес центарот и барот, што е дополнителна мотивација за да се посетат што е можно повеќе случувања.

Сепак, бидејќи Сонар е низ цела Барселона, физички е невозможно да се стигне насекаде и да се „фати“ се што деновиве нуди фестивалот.

За Радио МОФ од Барселона

Пишува: Надица Манева Ангеловски

Фотографии: Ангел и Надица Ангеловски

Во продолжение погледнете ја галеријата од првиот ден на Сонар 2016:

Sonar day 1-1

Sonar day 1-2

Sonar day 1-5

Sonar day 1-6

Sonar day 1-7

Sonar day 1-8

Sonar day 1-9

Sonar day 1-10

Sonar day 1-11

Sonar day 1-12

Sonar day 1-13

Sonar day 1-14

Sonar day 1-17

Sonar day 1-18

Sonar day 1-19

Sonar day 1-20

Sonar day 1-21

Sonar day 1-24