[Сонар 2016] Четиричасовен сет на Richie Hawtin како загревање за новото издание на фестивалот

Вчера, на 25 минути од Барселона, во малото гратче Бадалона,  годинешното издание на фестивалот Сонар и Richie Hawtin ги изненадија своите фанови со негов четиричасовен сет во скејт – паркот Агорија кој е сместен на самата плажа.

Истовремено со неговиот настап ден пред официјалното отворање на фестивалот, на секои 10 минути минуваа возовите кои со својата свирка ги поздравуваа клаберите дојдени од цел свет, а тие пак возвраќаа со гласно викање.

Настанот беше најавен пред само два дена, но одзивот беше голем, при што долатуваа скоро 5000 посетители.

Ова е убава најава за викендот што следи во Барселона, со повеќе од 60 официјални журки на Сонар и „Off Week Sonar“. Денеска пак започнува и официјалниот дел од фестивалот со „Sonar by Day“, додека веќе утре се активираат и вечерните забави со програмата „Sonar by night“.

За Радио МОФ од Сонар, Ангел Ангеловски