Солзавец и гумени куршуми за студентите кои протестираат во Монтреал

Канадската полиција употреби солзавец и гумени куршуми за да ги растера студентите кои вчеравечер демонстрираа во Монтреал, противејќи се на државните мерки за штедење и на зголемувањето на школарините.

Солзавец и гумени куршуми за студентите кои протестираат во Монтреал

Протестот го организира „Револуционерно студентско движење на Канада“, чии членови себеси се нарекуваат млади комунисти и револуционерни антикапиталисти. Илјадници студенти се одлучиле на бојкот на наставата, што е одговор на мерките на штедење кои ги воведе канадската влада, вклучувајќи ги зголемување на школарината и намалување на универзитетските бенeфиции. Кон протестот, со свои барања, се приклучиле и низа левичарски здруженија и работнички синдикати.

Полицијата интервенирала откако студентите, според официјалната верзија, не ја соопштиле рутата на движење на демонстрантите. Помала група студенти почнала да фрла со разни предмети кон полицајците, кои одговориле со гумени куршуми, шок-бомби и солзавец. Уапсеин се неколкумина студенти.

„Ова што сега го гледаме е влада која го осиромашува населението. Што очекува владата, како да реагираме ние како општество и население?“, изјави студент на монтреалскиот Универзитет на Квебек.