Соло концерт на „Funk shui“ во МКЦ

„Funk Shui“ на 29 март ќе го имаат својот прв во концерт во денсинг салата на МКЦ.

Минатава година им беше доста плодна и активна на членовите на групата со настапи на големи сцени и со големи артисти, имаа неколку нови изданија од кои излегоа хитовите „Виулица/Сомнежи?“, „Крик“, „Стаклени нозе“, „Деца“.

Билетите за концертот на „Funk Shui“ се пуштени во продажба преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија по цена од 300 денари, а на денот на концертот 400 денари.

Во продолжение, погледнете го настапот на „Funk Shui“ во „Engage Kicks & Gigs“ во Радио МОФ: