Солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова

Пијанистката Дуња Иванова вечерва (14 ноември) во Македонската опера и балет ќе одржи солистички концерт посветен на музиката за пијано на естонскиот авангарден композитор Арво Перт.

На програмата се дела кои прв пат ќе прозвучат на македонскиот концертен подиум, меѓу кои „За Алина“, „Варијации за закрепнувањето на Аринушка“, „Партита за пијано“, „Музика за детски театар“,…

Иванова е магистар по пијано и докторант на Филозофскиот факултет во Скопје. Настапувала во Њујорк и Париз, на фестивалот „Сараевска зима“ како и на македонските фестивали „Скопско лето“, „Охридско лето“, „Денови на македонската музика“, „Музика вива“, .. Значајни се рециталите посветени ан музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди премиерно изведени на македонската музичка сцена. Автор е на книгата „Естетско доживување на музиката“ и публикациите „Мултиапликативната примена на музиката во воспитно – образовниот процес кај децата“ и „Децата и музиката во виртуелната реалност“.