Солидарен марш на #Протестирам за мигрантите кои проаѓаат низ земјава

Во солидарност со мигрантите кои транзитираат низ државата #Протестирам ги повикува граѓаните на марш на солидарноста против, како што велат, дискриминацијата и ксенофобијата.

На 15 јуни, понеделник во 18 часот, граѓаните обединети во неформалното движење „Протестирам“ ќе се соберат на аголот од булеварот „Климент Охридски“ пред Владата и ќе се упатат до Прифатниот центар за мигранти во Гази Баба, каде што ќе ги прочитаат правата на мигранитете.

„Да изодеме од местото каде што се исцртуваат политики што дискриминираат до местото каде што ги гледаме последиците од неправдата кон мигрантите што бегаат за подобар живот.

Судбината на мигрантите во прифатниот центар е симбол и за нечовечките услови и ризиците со кои се соочуваат и нашите граѓани, затворени и присилени да мизеруваат, да се раселуваат или самите да сонуваат за мигрирање надвор од државата во потрага по безбедност и пристоен живот.

Сакаме држава што ќе гарантира привремена заштита за минувачите во оваа земја. Бараме еднакви услови за живот за сите во Македонија, независно на географијата и структурата на населените места, зашто ние, нејзините граѓани, не сакаме иднина во која ќе размислувам од кого да се криеме и на каде да бегаме, во потрага по подобро живот!“, се вели во најавата за маршот.

„Од сведоштва на бегалци, родители, млади и деца, слушаме дека се цел на грабежи, а таков третман им приредуваат дури и полициските сили кои ги сведуваат овие луѓе на криминалци, додека вистинските продолжуваат да ги тероризираат, и мигрантите туку и граѓаните во државата. Откако меѓународните медиуми ја објавивја јавната тајна за криминални групи што криумчарат со мигранти и тргуваат со луѓе во липковскиот регион, полицијата наместо босовите, ги приведе мигрантите кои сега се затворени во Прифатниот центар на Гази Баба“, велат од „Протестирам“.