Социјалниот центар „Дуња“ слави трет роденден

„Поминаа три години откако е отворен Социјален центар „Дуња“. Многу работи околу „Дуња“ се сменети, но малата жолта куќа на Рајко Жинзифов бр. 22, и „Дуња“ во неа, се уште се опираат“, стои во најавата за роденденот кој ќе се прослави утре, со почеток во 20 часот.

Културниот центар изминативе години организираше над 250 јавни настани како отворени дискусии, филмски проекции и бесплатен базар. Пред две години беше и засолниште за бездомните лица во најстудените денови.

Просторот го носи името на Невена Георгиевска – првата жена партизан во македонските партизански одреди и член на младинското, синдикалното и работничкото движење меѓу двете светски војни.

Утревечер за музичкиот дел ќе се погрижат „The Friends Band“ и „Dabari Sound“.

„Дојдете, забавувајте се, поддржете ја Дуња“, повикуваат организаторите.