Социјален експеримент – што би направиле ако видите куп монети на улица?

Џамал МекМјуран заедно со својата гостинка која престојувала кај него решиле да направат мал социјален експеримент.

Тие поставиле куп монети на мост во Лондон и од страна чекале да видат какви реакции ќе предизвикат кај населението.

Фотографиите и видеата кои се споделуваа преку хаштагот #coinsbythecanal за кратко станаа вирални на Твитер.

Целата идеја за социјалниот експеримент потекнува од фотографката Лана Месиќ, која не знаеле што да прави со илјадниците монети кои и останале по нејзината изложба.

„Јас работев на проект во Лондон и истражував како се создава вредност”, рече таа. За нејзиниот проект, Месиќ создала кула од монети. Таа имала проблем како да ги транспортира монетите назад во Холандија, кои тежеле околу 106 килограми,

Додека пиеле кафе на балконот на МекМјуран,  тој добил идеја да ги остават монетите на мостот во близина и да видат како луѓето ќе реагираат на нив.

Следното утро, монетите биле поставени и набљудувањето започнало, паралелно твитајќи за тоа што се случува.

Месиќ и МекМјуран сметаат дека реакцијата на социјалните медиуми на нивниот експеримент е неверојатна.

„Мислам дека социјалниот експеримент стана вирален бидејќи луѓето сакаат да го гледаат однесувањето на другите луѓе”, рече МекМјуран.

„Луѓето природно се интересираат за тоа што прават другите и како се однесуваат во необични околности”, додаде тој.

Според нивните твитови, голем дел од граѓаните сакале само да се сликаат или да поиграт со купот монети, но се разбира, имало и такви кои ја искористиле приликата да си се почастат.