Социјален експеримент – минувачи игнорираат момче кое јаде од канта за ѓубре

Полицијата на Нов Зеланд спроведе невообичаен експеримент – за да видат дали некој треба да биде полицаец или не, оставиле да ја видат реакцијата на кандидатите на момче кое јаде храна од канта за ѓубре.

„Ако би застанале и би се загрижиле, тогаш сте онаква личност каква што бара полицијата на Нов Зеланд“, вели Карен Џоунс, заменик извршен директор за односи со јавноста на полицијата.

Hungry boy – Do you Care Enough to be a Cop?What would you do?#icareenough

Posted by NZ Police Recruitment on Sunday, March 20, 2016


Таа вели дека полицијата ќе регрутира 400 нови полицајци, а се трудат да привлечат кои сакаат да направат позитивна промена.

„Бараме луѓе кои се грижат за другите во заедницата. Луѓе кои би истапиле ако видат дека на некој му треба помош, или прави нешто што не е безбедно“, додава.

Полицијата а Нов Зеланд на Фејсбук обави дека момчето е единствен актер во видеото, и дека реакциите на луѓето околу него, за жал се реални. Материјалот се снимал 35 минути, а момчето го виделе околу 500 луѓе, но само 10 од нив застанале да поразговараат со него и му понудиле помош.

Иако во социјалниот експеримент има вистински луѓе, лицата им се замаглени на сите освен на момчето и луѓето кои му помогнале, вели Џоунс.

Извор: Mashable