Собранието ќе расправа за измени на Законот за студентски стандард

Пратениците во Собранието на 24-ти август ќе расправаат за измените на Законот за студентски стандард. Доколку бидат усвоени, студентите ќе можат да бидат тутори на ученици од средно и основно образование, со што би добивале поени за стипендија.

Постапката за изменување на Законот започна во јуни, а на 24-ти во Собранието ќе се спроведува првото читање.

Доколку студентите туторираат ученици во средно и основно образование, добиваат повеќе поени кои ќе бидат земени предвид доколку аплицираат за стипендија. Воеднo, се наведува во Законот, ќе ги зголемат своите способности како тутори.

„Со предложените решенија на студентите ќе им се даде можност да го надоградат своето знаење како тутори, што ќе им послужи при нивно идно работно ангажирање“, пишува во предлог-законот.