Собранието го усвои Законот за спречување и заштита од дискриминација

Со 52 гласа „за“, тројца воздржани и без ниту еден против, пратениците денеска го изгласаа Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Согласно законското решение се забранува секоја дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа.

Законот претходно беше „заглавен“ во Собрание осум месеци, по што Владата го повлече и го препрати со европско знаменце по скратена постапка.

Денеска пред собрание се одржа и протест со која повеќе граѓански организации побараа негово итно усвојување.

[Фото] Протест пред Собрание за итно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација