Собранието ги усвои измените на Законот за азил

Собранието на Република Македонија на денешната седница ги донесе измените на Законот за азил и привремена заштита по скратена постапка, пренесува Нова.

Според информации на невладината „Легис“, за примена на Законот треба да се чека седум дена, меѓутоа во пракса веќе им се дадени интрукции на полицајците и скоро сите мигранти кои денеска транзитираат низ земјава се качуваат во возовите.

Новите измени предвидуваат мигрантите кои ќе ја поминат границата за 72 часа или да ја напуштат Македонија или да побараат азил од првиот полицаец што што ќе го сретнат, а за време на нивниот престој ќе имаат право да користат јавен превоз.

Од почетокот на годинава, досега, околу 30 мигранти, главно од Сирија и Авганистан, ги загубија животите во несреќи на македонските пруги.

Медиумите, невладините организации и Народниот правобранител, алармираа за условите во Центарот за странци во Гази Баба, во кој престојуваат околу 500 мигранти, а има капацитет од 100 до 120 луѓе.