По вчерашните случувања во зградата на Собранието на Република Македонија причинета е материјална штета и дел од работните простории, прес-центарот, како и сала „Македонија“ се надвор од употреба, информираат од Собранието.
Оттаму велат дека согласно законската регулатива надлежните институции превземаат чекори за ставање во нивна функција и утврдување на штетата.
„Се прават напори за враќање во првобитната состојба во најкус рок, со што ќе се создадат услови за работа на Собранието.
Со оглед на тоа, денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија закажано за во 11 часот нема да се одржи и за продолжението дополнително ќе бидете известени“, стои во соопштението.