Собир на жителите на Карпош 4 против изградба на нов плоштад

Жителите на Карпош 4 утре (сабота) од 12 до 13 часот ќе одржат собир против изградба на нов плоштад во населбата.

Собирот ќе се одржи на тревникот под Партизански одреди, помеѓу кула 76 (кула 4), кула 3 и кула 72 (кула 2).

Од здружението „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“ велат дека Општина Карпош планира изградба на плоштад со површина од 2900 метри квадратни. Со огласот 80/2016 општината веќе бара изведувач со кого треба да се склучи писмен договор за почеток на градежната работа од наредната недела, пишува здружението во Фејсбук поканата за настанот.

Граѓаните додаваат и дека ќе се сечат ниски и високи растенија, а на нивно место ќе има бетон.