Собир на љубители на коли и мотори во Скопје

На полигонот во училиштето „Боро Петрушевски“ денеска ќе се одржи вториот собир на љубители на возила и моторцикли на Град Скопје.

На настанот ќе бидат избрани најдобрите возила во категориите: Youngtimers, Oldtimers, Tuned Cars, Sound quality check и Luxury cars. Во контекст на актуелната област на енергетска ефикасност ќе бидат изложени и електрично возило, електричен моторцикл и електричен велосипед.

Ќе биде промовиран Авто Мото Клубот АСУЦ, кој дава подршка и придонес на авто-мото собирите, како и напредните насоки и технологии кои ги поседува училиштето за упис на основците.