Собарки од Шпанија бараат помош од „Tripadvisor“ во борба со експлоатацијата во туризмот

Хотелски собарки од Барселона покренаа кампања против ниските плати и лошите работни услови во туризмот, преку иницијатива за посебен беџ за квалитет кој би го користеле сајтовите за резервации.

Интернет платформите за онлајн резервации како „Tripadvisor“ се соочуваат со јавен притисок да почнат да ги оценуваат и работните услови во шпанските хотели, откако активистичка организација на собарки „Лас Келис“ покрена кампања против експлоатацијата на работничките во туристичкиот бизнис.

Организацијата се бори против аутосрсингот кој доведува до работни услови кои во многу случаи се опишуваат како модерно ропство.

Зборувајќи на почетокот на кампањата во каталонскиот парламент, портпаролката на групата, Вание Арана, изјави дека планираат да направат посебен беџ за квалитет за хотелите кои овозможуваат добри работни услови, со верување дека многу клиенти не би сакале да престојуваат во хотел каде жените се платени по 2 евра за чистење на соба која чини 200 евра по ноќевање.

Активистите контактирале со популарниот сајт за резервации „Tripadvisor“ за користење на овој беџ на нивната интернет-страница. Гардијан информира дека од платформата не коментирале за оваа иницијатива.

Левичарската коалиција веќе предложиле законски измени за искоренување на лошите практики во туристичката индустрија.

„Не смееме да чекаме додека тоа се случи, затоа ја покренуваме оваа кампања за добри услови во хотелите. Ќе ги повикаме хотелските менаџери да ни дозволат да направиме инспекции со што би го добиле овој беџ за квалитет“, вели Арана.

Групата планира да ги промовира хотелите кои ќе го добијат беџот на социјалните мрежи, додека истовремено би ги критикувале оние со лоши работни услови за собарките. Заедно со нивните светло зелени маички, групата во нивните хотелски инспекции ќе носи и зелени заштитни шлемови.

Според последните измени на законите за труд од владата предводена од Народната партија, на која минатиот месец и беше изгласана недоверба во парламентот, платите на собарките се намалиле за 40 проценти, додека нивните обврски се зголемуваат бидејќи хотелите ги добиваат нивните услуги преку аутсорскинг од надворешни агенции.

Тие бараат хотелите да почнат директно да ги вработуваат според колективен договор со кој ќе им се гарантираат месечни примања од 1.200 евра за 40 часа неделна работа, наместо користење аутсорсинг услуги.

Иако аутсорсинг услугите нудат слични плати и услови, постојат и одредени ограничувања во одредување на специфични норми во број на соби кои треба да се расчистат во шестчасовна смена. Просечно помеѓу 25 и 30 соби што е скоро невозможно за исполнување.

Поради тоа често жените се принудени на неплатена прекувремена работа за исполнување на овие норми, со што нивната работа по час паѓа на 3 или 4 евра. Доколку не ја исполнуваат

Како што објасниле активистите, скоро сите жени се жалат на здравствени проблеми како болки во грбот и артритис, а голем број од нив велат и дека работата можат да ја извршуваат единствено со лекови против болки.