Со велосипедски марш до Охис граѓани ќе побараат остранување на линданот

Еко-свест заедно со Македонско еколошко друштво организираат велосипедски марш низ Скопје за подигнување на јавната свест за отстранување на линданот од малата депонија во фабриката Охис кој ќе се одржи на 24 април (среда) со почеток во 17:15 часот.

Појдовна локација на велосипедскиот марш е од Паркот Жена Борец кај споменикот на Питу Гули во 17:30, во 18ч се пристигнува пред влезот на старата фабрика Охис, каде од 18-19 ќе се одржуваат креативни активности.

Настанот се одржува како продолжение на претходни одржани работилници за подигнување на јавната свест за значењето и важноста на отстранувањето на линданот од малата депонија во фабриката Охис.

Оние што сакаат да учествуваат во велосипедскиот марш потребно е да се пријават на helena@ekosvest.com.mk. Оние, пак, кои ќе дојдат само пред фабриката Охис не е потребно да се најават.