„Со велосипед на факултет“ во Штип

Велосипедската трка „Со велосипед на факултет“ ќе се организира на 27 март 2016 година (недела) во Штип, од Универзитетот „Гоце Делчев“, а во соработка со Велосипедската федерација на Македонија. Трката се организира под мотото „Со велосипед на факултет“, а е наменета за рекреативци и лиценцирани натпреварувачи, а право на учество имаат сите заинтересирани граѓани.

Велосипедската маршута во должина од 2.700 метри е низ центарот на Штип, со старт и цел на Плоштад „Слобода“. Рекреативната трка ќе започне во 11 часот, а лиценцираните натпреварувачи ќе ја започнат својата трка еден час подоцна и е отворена само за лиценцирани велосипедисти.

Заинтересираните за учество можат да се пријават на електронските адреси: secretary@cfm.org.mk и oliver.cackov@ugd.edu.mk.

Во рамки на настанот музички настап ќе имаат студенти од Музичката академија при УГД и други познати музички групи. Трката се организира како дел од активностите предвидени за патронатот на универзитетот.