Со тридневен настан студентите ќе одбележат една година од Автономна зона

Студентите од Факултетот за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности, Факултетот за музичка уметност и Архитектонскиот факултет организираат тридневен настан кој ќе трае од 25 до 28 февруари, во просториите на Факултетот за драмски уметности, и со кој симболично ќе се одбележи една година помината од крајот на Автономната Зона.

„Овие три дена ќе бидат исполнети со богата културно-образовна програма, со концепт кој ќе нè потсети на дружбата за време на Автономната Зона. Целта е да се покаже колку е важна соработката помеѓу студентите и овие настани да прераснат во една прекрасна традиција“, се вели во повикот на настанот.

За време на трите дена, студентите ќе се претстават со изложби, изведба на драми, концерти и дискусии во кои ќе учествуваат и дел од нивните професори. Организаторите информираат дека во текот на целиот настан ќе бидат поставени кутии за донации.

ПРОГРАМА

ЧЕТВРТОК 25.02.2016
19:00 – Отвoрање (видеа, фотографии и слики направени за време на Автономната Зона)
– Отворање на изложба на студентите од ФЛУ
20:00 – Модерна македонска драма – испит по Театарска режија III семестар
22:30 – Концерт на Chalgia sound system

ПЕТОК 26.02.2016
16:00 – Дискусија за авторски договори со студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“
17:00 – Предавање на проф.Небојша Вилиќ на тема „Остатоците на еден Град“.
19:30 – Изложба на студенти од Архитектонскиот факултет
20:30 – Концерт на студенти од ФМУ
22:00 – „Професорите пуштаат музика“ (ДиЏеј сетови на неколку професори од факултетите)

САБОТА 27.02.2016
12:30 – „Будно тело-буден актер“ работилница со Симона Спировска за актери и сите оние кои сакаат да се расонат
17:00 – Предавање на вон. проф. Дарија Андовска на тема „Семантиката при употреба на визуелни и аудитивни бои и форми во филм“
19:00 – Проекција на филмови од студенти на ФДУ
21:00 – Како Класа 13 во 2015 ја одигра,,Животинска фарма ” од Џорџ Орвел – испит по актерска игра IV семестар
23:00 – Затворање на ДАМЛА