Со прогласување на наградените и сет на Wooden Wisdom вечерва се затвора Синедејс

Петнаесеттото издание на Синедејс – фестивал на европски филм, завршува вечерва со прогласување на наградените филмови од натпреварувачките селекции – Официјалната селекција и СинеБалкан.

На последната фестивалска вечер ќе се прикажува и филмот „Устав на Република Хрватска“ на Рајко Грлиќ, чиј копродуцент е и Македонија, а игра и Јелена Јованова. Музиката е на Дуке Бојаџиев. На проекцијата ќе присуствуваат и актерите Небојша Глоговац и Дејан Аќимовиќ.

Во рамки на музичката програма, Синемјузик, вечерва со свој диџеј сет ќе настапи дуото Wooden Wisdom, во кој членува и холивудската ѕвезда Илајџа Вуд, познат по улогата на Фродо од трилогијата Lord of the Rings.