Со „Проект: Правда“ и „Мртва точка“ затворено 41. издание на МОТ

1

Со омнибус-претставата „Проект: Правда“ на студентите на факултетите за драмски уметности од екс-ју државите и романската „Мртва точка“, вчера вечер беше затворен Младиот отворен театар.

„Проект: Правда“ е омнибус-претстава на студенти од драмските академии од Скопје, Загреб, Љубљана, Белград, Сараево, Нови Сад и Цетиње. Студентите пред публиката во Скопје ги изведоа седумте драмски текста на тема правда: „Печат“, „Чепкалка“, „Шах-мат, љубов моја“, „Зафркавање“, „Попокатапетл“, „Терапија“ и „Тука сум, Брехт“.

Студентите минатата година работеле заедно на целосно создавање на комплетната претстава, од креирање на драмски текстови, до режија, актерска игра и продукција и организација на настапите.

Во 21 часот, во Универзална сала беше изведена и последната претстава на МОТ, „Мртва точка“ на театарот „Тома Карагиу“ од Плоешти, Романија.

Претставата раскажува приказна за млада жена по име Ника, која стои колебајќи се меѓу парализирачката депресија и потребата да продолжи да живее по смртта на нејзиниот сопруг. Во потрага по излез од нејзиниот загушувачки стеснет свет, таа ја напушта работата во банка и наоѓа утеха во бучната индиферентност на улиците на големиот град. Нејзината средба со една жена на семафор, отвора нова стварност.

На 41. издание на Младиот отворен театар беа поставени 14 претстави, а гостуваа театри од Србија, Романија, Косово, Словенија, Унгарија, Бугарија, Чешка и Романија.

6

5

4

3

фотографии: Марија Грујовска