Со претставата „Сонувачите” средношколците ги кршат предрасудите

Што се случува кога не сме тие кои се претставуваме, кога нашето вистинско Јас не е исто однадвор и одвнатре, кога нашите желби се судираат со џелатот на суровата реалност, кога не смееме да ја кажеме вистината поради страв од последиците? Како да се ослободиме од стегите на општеството и како да докажеме дека сепак сите сме еднакви, иако сме различни? Колку ќе чини таа слобода и што ризикуваме да изгубиме по патот?

Со претставата „Сонувачите” средношколците ги кршат предрасудите

Одговорите на овие прашања ги дадоа членовите на драмската секција од СУГС „Јосип Броз Тито“ со претставата „Сонувачи” која во вторникот се играше во Драмскиот театар во Скопје. Сценариото и режијата беа на Тамара Иванова и Надица Весова, а истото практично го прикажаа Мила Миливоевиќ, Кристијан Пејиќ, Божан Тодоров, Тамара Иванова, Виктор Гилев, Маргарита Митевска, Иван Костадинов, Кристина Мироновска, Надица Весова, Мартина Зарева, Лазар Христов, Давид Шумковски.

Со претставата „Сонувачите” средношколците ги кршат предрасудите

Темата на претставата беше кршење на хомо и трансфобијата прекажана преку ликот на Лена, односно Леон како што тој сакаше сите да го викаат, момче заробено во женско тело. Претставата се одвиваше во две дејствија, едното дејство е кога Лена е на сесии кај психијатарот, а другото кога таа е со друштво. Бидејќи нејзините родители мислат дека е луда ја носат на психијатар, но сепак Лена му ја дига свеста на психијатарот и тој почнува да ја поддржува дури и ја ограбрува да направи операција за промена на полот. Друштвото на Лена е навистина чудна спојка, колку и да се различни сите, секогаш се тука заедно да си помогнат во најтешките моменти.

Со претставата „Сонувачите” средношколците ги кршат предрасудите

Пораката која средношколците преку претставата сакаа да им ја пратат на публиката беше дека „Треба да бидеш тоа што си ти, бидејќи сите други се веќе зафатени“.

Мила Миливоевиќ