Со онлајн кампања „Крик“ и извидниците собираат пари за организирање на Инклузивни младински летни кампови

Центарот за младински активизам Крик заедно со Сојуз на извидници на Македонија го објавија повикот за пријавување на учесници на Инклузивните младински кампови кои ќе се спроведат во летниот период.

Инклузивните младински кампови се кампови каде учесници се млади лица со и без попреченост.

Камповите траат 6 дена (5 ноќевања) и се случуваат во Извидничкиот центар Охрид Ицо 

Но, за да ги реализираат потребни им се средства за да се обезбеди учество за поголем број на учесници. Тие планираат да ги соберат преку котизација за учесниците во која ќе бидат вклучени минималните основни трошоци како храна, превоз и работниот тим. Потоа, онлајн кампања на платформата indiegogo.Покрај ова, ќе има и продажба на колачи и други производи подготвени од лицата со и без попреченост.

На камповите учесниците ќе имаат разни едукативни активности, од кои дел ќе бидат на отворено. Со нив ќе работат 8 лица кои се дел од програмскиот тим и тоа: специјален едукатор, социјален работник, 4 младински работници и 2 координатори на програмските активности. Како дел од програмскиот тим ќе се приклучат и група на извидници од Франција кои ќе работат со учесниците на активностите на отворено.

Пограмата на кампот ќе се состои од активности за градење на група, локални и регионални вечери, кајакарење, пешачење, стрелаштво, водени лудории, палење на логорски оган, спортски активности, работилници каде ќе се користат методите на неформално образование на различни теми и посети на локалните места во Охрид.

Котизацијата за учество чини 7 345 мкд по учесник. Со неа се обезбедува:

  • Превоз од местото на живеење на учесникот до Извидничкиот центар Охрид
  • Сместување во шатори
  • 3 оброци (доручек, ручек и вечера) и 1 ужинка (кафе/чај и овошје)
  • Директно учество на активностите од кампот вклучувајќи ја целата програма
  • Одоворни лица за времетрање на кампот и тоа: специјален едукатор, социјален работник и младински работници.

Заинтересираните за учество треба да ја пополнат  следнава форма

За дополнителни информации може да се контактираат организаторите на infokrikcenter@gmail.com или на sim@scout.org.mk