Со онлајн дебата на тема „Зошто превод“ завршува Месецот на Франкофонијата

Францускиот институт во Скопје и  Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје за утре организираат онлајн дебата на тема „Зошто превод“, со што ќе се затвори Месецот на Франкофонијата.

Дебатата ќе се одвива преку Зум, со почеток во 11 часот. На неа ќе се зборува за предизвиците на писмениот и усниот превод, а главни говорници ќе бидат:

  • проф. д-р Ирина Бабамова, раководител на Катедрата за романски јазици и книжевности – Филолошки факултет „Блаже Конески“-Скопје
  • проф. д-р Елисавета Поповска, професор на Катедрата за романски јазици и книжевности – Филолошки факултет „Блаже Конески“ -Скопје
  • г-ѓа Елена Никодиновска од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје
  • г-дин Жарко Кујунџиски, директор на издавачката куќа „Антолог“ – Скопје
  • г-ѓа Сања Фурнаџиска-Адамс, конференциски толкувач.

На настанот може да се вклучи преку следниот ЛИНК (Лозинка: 000000).