Со новите Твитер опции, корисниците ќе може да ги ограничат одговорите на нивните твитови

Оваа мерка е со цел да го превенира антисоцијалното однесување и да го подобри квалитетот на дискусијата.

Но, новите карактеристики  може да ја потиснaт амбицијата на социјалната мрежа да спречува ширење на дезинформации. Не е јасно како Твитер очекува да ги постигне овие две различни цели.

На прес конференцијата во склоп на настанот „Потрошувачка електроника“ во Лас Вегас, директорката на Твитер за управување со продукти, Сузан Џи, изјавила дека компанијата ќе воведе поставка за „учесниците во разговорот“ во текот на оваа година. Со новата поставка, твитерџиите ќе може да одберат меѓу четири опции за секој нивен твит индивидуално и тоа:
– Глобална опција; секој би можел да ви одговори на вашиот јавен твит.
– Групна опција; ќе може да ви одговорат луѓето кои ги споменувате во вашиот твит, како и одредена група на луѓе кои ги следите.
– Панел опција; ќе може да ви одговорат само луѓето кои ги споменувате во вашиот твит.
– Опција за изјава; никој нема да може да ви одговори на твитот.

Компанијата ќе започне да експериментира со новите опции во првите неколку месеци од годинава, со цел тие да бидат глобално достапни до крајот на 2020.

Ваквите опции може да ги решат дел од проблемите кои на Твитер му ја доделија репутацијата за „најтоксична“ мрежа. „Соодветен“ е твитер сленг за твит кој добива повеќе одговори отколку лајкови или ретвити, па искуството е непријатно. Слично на ова, често се случува во пријателски разговор да се вмеша и трета страна, претворајќи го разговорот во караница.

Но, се чини дека овие нови политики на Твитер се против полисите за ширење дезинформации на мрежата. За разлика од Фејзбук, Твитер нема програма за проверка на факти, постои само забрана за дезинформации кои манипулираат или се вмешуваат во политички избори.

Компанијата тврди дека „нивната отворена и реална политика на фукционирање е силен противотров за дезинформациите“, изјава на Колин Крауел, шеф за јавна политика на Твитер во 2017.

„Новинарите, експертите и ангажираните граѓани со своите твитови го корегираат и предизвикуваат јавниот дискурс од секуда во секунда“ – изјавил Крауел. „Овие важни интеракции се случуваат секој ден на Твитер и ние работиме за да се осигураме дека релевантна е само содржината која има добар контекст и информации кои имаат највисок квалитет“ – дополнил тој.

Но, со овие нови опции наместо да се популаризира релевантната содржина, ќе се направи место за ширење на дезинформации, така што ботовите би ја искористиле опцијата за „изјава“, спречувајќи ги одговорите на нивните твитови, со што се губи можноста да се спречи дезинформацијата. Слична опција која што дозволува корисниците да ги сокријат одговорите на нивните твитови веќе се користи од ботовите на социјалните мрежи за да ги скријат одговорите на оние кои ги проверуваат фактите.

Како одговор на ваквите стравови, Џи ја посочила можноста да се цитира твитот кој шири дезинформации, но признала дека оваа дупка во правилникот е нешто кое „треба одблиску да се набљудува“.

Извор: Guardian