Со новиот закон во Берлин се ограничува изнајмувањето на соби преку интернет

Властите во Берлин најавија дека им забрануваат на жителите да ги изнајмуваат своите станови за туристи преку Airbnb. Овој потег доаѓа како резултат на недостигот од домување, растот на населението и означи промена во системот за домување во Европа.

Во периодот помеѓу 2000-2012 година, во Берлин можеше да се најде евтино сместување што привлече млади уметници, музичари и хипстери од Лондон, Амстердам и Париз поради инфлацијата на цените на куќите и постојаното зголемување на трошоците за изнајмување.

Берлин остана прифатлив поради законот познат како Zweckentfremdungsverbotsverordnung, со кој ги спречува сопствениците од промена на користењето на сопствеништвото. Ова го отежнува претворањето на станбени објекти за комерцијална сопственост, и спречи голем дел од станбениот фонд на градот да се развие по Втората светска војна. Слични подзаконски акти, исто така, постојат и во други поголеми градови во Германија, Хамбург и Минхен.

Пред две години, градските власти во Берлин го изменија овој закон за да вклучат краткорочни договори за закуп на „гостински станови“. Ова го направи краткорочниот закуп на сите станови нелегален, со прекршувања кои би можеле да се казнат со 100 000 евра. По најавата, забраната стапи на сила во мај. Според новиот закон, се уште е легално да се изнајмуваат соби во нечиј стан, но тие да не зафаќаат повеќе од 50 отсто од површината на станот.

Германските истражувања покажале дека купување и изнајмување на станови на туристи, преку интернет агенции како што се Airbnb и Wimdu е многу профитабилно, така што некои фирми управуваат со стотици објекти. Делумно како резултат на тоа, Берлин, кој некогаш имаше вишок место за сместување, сега се соочува со голем и растечки недостаток.

Градот се очекува да порасне за околу 45 000 жители секоја година, и тоа без да се вбројат 30 000 и 60 000 бегалци кои пристигнаа во последните две години.

За да го реши овој проблем, градот планира да изгради дополнителни 220 000 станови во текот на следната деценија.

Но, домувањето не е единствената причина за оваа промена. Покрај загубата на постојаните станови под кирија, краткорочното најмување на туристите е непријатно за локалните жители, според кои, бучните и целовечерни забави сериозно го деградирале квалитетот на живот во централните делови на Берлин.

Други градови како Амстердам веќе размислуваат да го ограничат изнајмувањето преку интернет. Досега, градските власти го укинаа краткорочното сместување, со користење на автоматски компјутерски систем кој ќе го следи онлајн рекламирањето. Во Амстердам можат да се изнајмат станови само кога сопствениците се на одмор, или станот им е слободен.