Со нови фонтани Лондон ќе се бори против пластичниот отпад

Лондончани ќе можат да пијат бесплатна вода за пиење од 20 нови фонтани кои ќе бидат поставени во текот на летото, по најпрометните делови на градот. Истовремено, фирмите во пет градски области, каде имаа бројни продавници за храна, ќе учествуваат во иницијативата за повторно полнење шишиња. Овие пллановите се дел од проект вреден 750.000 фунти, кој ќе стартува во февруари, со кој Лондон ќе го намалува пластичниот отпад.

Парите ќе бидат потрошени во текот на три години, според новиот предлог-буџет на градоначалникот Садик Кан, како дел од амбицијата на градоначалникот до 2026 година да запре фрлањето биоразградлив или отпад што се рециклира во депонија.

Кои бизниси конкретно ќе учествуваат во иницијативата се уште се финализира, но политичкиот тим на градоначалникот е во потрага по местата каде што водата може лесно да им биде понудена на луѓето, вели неговата портпаролка за британските медиуми.

Најголемиот дел од буџетот се очекува да биде потрошен за инсталирање фонтани и помагање на бизнисите да се промовира нивното учество во проектот за повторно полнење на шишињата со водата. Градоначалникот ги повика сите институции да идентификуваат „соодветни локации” за бесплатни фонтани за време на процесот на планирање.

Од лондонската железница веќе дадоа поддршка, посочувајќи дека е добро да имаа фонтани со вода за пиење на своите станици.