Со музика, изложби и графити ќе се одбележува „Денот на младите“ во Гевгелија

Меѓународниот ден на млади,12 август кој се слави низ целиот свет, годинава гевгеличани ќе го одбележат со повеќе настани.

Млади

Во рамките на одбележувањето на меѓународниот ден, во Гевгелија се најавени четири настани – музички концерт, изложба на фотографии, изложба на уметнички слики и цртање графити. Помеѓу учесниците ќе бидат локални бендови и соло изведувачи, но и млади луѓе кои се занимават со фотографија, сликање,улична уметност и поезија.

Почетокот на одбележувањето е закажано во вторник , во 20 часот пред споменикот на Сава Михајлов. Настанот го организираат Здружението за едукација на млади „Сложувалка“, Фондацијата „Аполонија“  и Центарот за подршка на НВО – Гевгелија .

Целта на „Денот на младите“ е да се прикаже моменталната состојба на младите во Гевгелија, да се промовираат нивните права, како и  да се влијае врз зголемување на нивното учество во донесување општествено одговорни одлуки.