Со мултимедијални продукти до зголемена медиумска писменост

Има вести секакви – вистинити и лажни,  има секакви – дури приказни, сказни. Весници, сценарија, медиуми разни, миротворни, борбени, помалку важни. Читај меѓу радови, немој да си само цел. Лажна опсесија, избриши го тој дел – ова се дел од стиховите на песната „Медиумска рапсодија“, чиј видео спот е еден од трите со кои Здружението Медиа плус и радио Канал 77 ќе им ја доближат на младите темата за медиумска писменост.

Преку аудио и видео спотови медиумот и здружението ја почнаа кампањата „Медиумски писмен граѓанин – за чест без стрес, најди ја вистинската вест“.