Со макети од бамбус велосипедистите го бараат просторот одземен од автомобилите

Повеќе активисти од Латвија кои се дел од групата „Let’s Bike“ која ја промовира употребата на велосипедите во урбаниот простор, организираше акција како визуелен потсетник на просторот што го заземаат автомобилите на улиците.

1

За да го постигнат тоа, беа изработени макети од бамбус со големина на просечен автомобил кои потоа активистите ги прикачија за нивните велосипеди. Вака тие се движеа неколку часа низ улиците на Рига (главниот град на Латвија) со цел да покажат колку е апсурдно да се вози автомобил кога во него се превезува само еден човек. Настанот беше дел од Европската недела на мобилност.

2

3

4

5

Извор: Мymodernmet