Легализацијата на марихуаната може да помогне за запирање на кризата со претераното дебелеење кај жителите од САД, покажува неодамнешна студија спроведена в0 САД, објави Independent.
Легализацијатa на марихуаната би можела да ги држи младите луѓе подалеку од висококалоричниот алкохол, како и да им помогне на постарите лица кои страдаат од хронични болки да останат активни, открива студијата. Изработена од страна на калифорниски истражувачи, таа сугерира дека легализирањето на марихуаната може да помогне да се намали стапката на дебелината – затоа што луѓето наместо да пијат голема количина алкохолни пијалоци за време на прослави или одмор, можат да испушат бескалоричен џоинт.
Истражувањето го воделе научници од универзитетите Сан Диего и Корнел, при што вклучува анализа на здравствени податоци од изминатите 22 години, од државите кои ја декриминализираа употребата на марихуаната за медицинска или рекреативна употреба. Во државите каде таа е легална, има пад на стапката на дебелина меѓу 2 и 6 проценти.
Меѓу помладите корисници на канабис, истражувачите откриле дека многумина со џоинтот замененуват големи количини на алкохолни пијалоци, што значи дека консумираат помалку калории. Кај постарите луѓе пак, медицинскиот канабис им помага за ублажување на ревматските болки, со што тие можат да бидат поактивни и да трошат повеќе калории.
За истражувањето се користени податоците од „Системот за следење на бихејвиоралите фактори на ризик“ (BRFSS), телефонска анкета со која се собирале податоци за испитаниците и нивната здравствена состојба, здравствено однесувањето (како што е прејадувањето) и нивното користење медицински услуги во тек на 22 години.
Студијата укажува и дека со легализацијата на марихуаната може да дојде до големо намалување на здравствените трошоци за лекување на последиците од прекумерната дебелина.