Со изложбата „Без простор“ на уметницата Селма Селман, вечерва се затвора фестивалот „Прво па женско“

Со изложбата „Без простор“ на уметницата Селма Селман, вечерва ќе се затвори овогодинешното, осмо издание на затворањето на  Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“, во организација на „Тиииит! Инк“ – Скопје.

Со почеток во 20 часот во Музејот на современата уметност, ќе се отвори изложбата „Без простор“, која ја проблематизира деликатната тема на просторот – личен, колективен, телесен, ментален, емотивен, политички, женски, нерационален, креативен, реален, внатрешен, простор за емпатија, простор на преиспитување и преживување.

Творештвото на Селман се карактеризира со интимност, јасност и моќност, а овие карактеристики се присутни и во принципите според кои е поставена и изложбата во Музејот на современа уметност во Скопје.

Селма Селман  е уметница со ромско потекло која живее и работи во Босна и Херцеговина, во САД и низ Европа. Главна цел на нејзините дела е да ги заштити женските тела и да им овозможи сеопфатен пристап до самоеманципација на опресираните жени.

Селман досега изложувала на 58то Венециско биенале на уметноста, Италија (2019), во музејот „Квинс“ во Њујорк, САД (2019), на 3тиот Берлински есенски салон во театарот „Максим Горки“ Германија (2017), како и „Кунстквартиер Бетаниен“ во Берлин, Германија (2016).

“Без простор” е прва изложба на Селма Селман во Скопје која ќе остане отворена за посетителите до 29 август.

По отворањето на изложбата на Селма Селман, следи диџеј сет на Дискордиа.

На официјалното затворањето на осмото издание на „Прво па женско“ свое обраќање ќе има Претседателот на С. Македонија, Стево Пендаровски.