Со изложба во Музеј на Македонија започнуваат „Европските денови на културното наследство“

Со изложба во Музејот на Македонија утре започнува манифестацијата „Европски денови на културното наследство“ која ќе трае до 7 октомври.

На изложбата ќе бидат поставени дваесетина постери објавувани во повеќе европски земји по повод Европските денови на културното наследство во текот на изминатите дваесет години. Покрај тоа, ќе биде презентиран различен промотивен материјал печатен по истиот повод. Автор на концепцијата за изложбата е Нада Андоновска, координатор на манифестацијата.

Европските денови на културното наследство претставуваат широко прифатен партиципативен културен настан којшто го споделуваат граѓаните на Европа.

Со организирање на повеќе од 70 000 настани во пеесетте земји – потписнички на Европската конвенција за култура, целта на манифестацијата е подигнување на свеста кај пошироката јавност за заедничкото европско наследство. Во текот на повеќедецениската реализација, Европските денови на културното наследство прераснаа во најголем европски проект поврзан со наследството.

Во Република Македонија, реализацијата на активности поврзани со овој настан повеќе од дваесет години дава голем придонес кон приближувањето на културното наследство до пошироката публика, особено до помладите генерации.

Во овогодинешното одбележување, во координација на Музејот на Македонија, ќе учествуваат околу дваесет музеи, невладини организации и други институции што се грижат за култунрото наследство. Ќе бидат организирани отворања на изложби, проекции на филмови, промоции на публикации, едукативни настани и други активности посветени на наследството.

Годинава е предвиденo мaнифестацијата да се одржи во периодот од 27 септември до 7 октомври Веќе е познато дека 2018 година е прогласена за Европска година на културното наследство од страна на Европската Унија. Како поддршка на оваа иницијатива, овогодинешното издание на Европските денови на културното наследство ќе биде одбележано под мотото „Европска година на културното наследство: Уметноста на споделувањето“.

Влезот во музеите и другите културни институции за време на манифестацијата е бесплатен, освен ако организаторот не назначи поинаку.

Во продолжение, погледнете ја целата програма:

27.09.

Музеј на Македонија

Отворање на Европските денови на културното наследство и изложбата „Споделување на европското наследство“

Археолошки музеј на Македонија

Отворање на изложбата „Постерот раскажувач на музејските приказни“

Бесплатен вез за посета на Археолошкиот музеј на Македонија само на 27 септември

Музеј на западна Македонија во НОВ, Кичево

Промоција на книгата „Скендербег во османлиските и византиските извори“

НУ Завод и музеј Битола

Работилници со деца од регионот на Битола „Учиме за нас 2018“

НУ Музеј Куманово

Едукативна посета со креативна работилница на Мегалитската опсерваторија Кокино и посета на средновековната црква Св. Ѓорѓи во с. Старо Нагоричане

Здружение за култура и уметност „Иљо Антески Смок“, Тетово

„Лето 2018“, отоврање на изложбата на карикатури од Мирослав Георгиевски – Миро во Културниот центар „Иљо Антески Смок“ 

27-28.09.

Музеј Теракота, Винаца

„Стара архитектура“, едукативна работилница во соработка со Дневниот центар за лица со посебни потреби и посета на археолошкиот локалитет Баргала во Штип

НУ Музеј Куманово – Уметничка галерија

”Landscapes”, изложба на слики на Ангелина Поповска

Дом на културата – Демир Хисар

Изложба на Ибрахим Беди, во соработка со Центарот за креативни индустрии – НЕБО 

27.09 – 1.10.

ЛУ Народен Музеј Велес

„Ризница од вредности и значења“, изложба на ликовни дела на Агрон Салиу

28.09

Музеј Демир Капија

12:00 ч. Отворање на изложбата на карикатури на Тоде Блажевски и промоција на книгата „Јас не сум виновен за ништо“ од истиот автор

Музеј на тетовскиот крај, Тетово

18:00 ч. Промоција на книгата на Љуљета Абази „Богатството на Реџеп Паша“

Кинотека на Македонија

20.00 ч. Филмски циклус „100 години од раѓањето на Ингмар Бергман“

„Лето со Моника“, Шведска, режија: Ингмар Бергман, 1953 г., 96 мин.

НУ Завод и музеј Битола

„Ние во музеј 2018“, работилница со лица со попреченост 

28 – 29.09.

Музеј на западна Македонија во НОВ, Кичево

Семинар на тема „Колку се стари фотографиите на Скендербег и  каде се пронајдени“ 

29.09.

Кинотека на Македонија

18:00 ч.Островот Бергман, документарен филм, режија: Мари Ниреред, 2005 г., 85 мин.

20:00 ч. Седмиот печат, игран филм, Шведска, режија: Ингмар Бергман, 1957 г., 96 мин.

Дом на културата – Демир Хисар

20:00 ч. Отворање на изложба на цртежи на Перица Георгиев – Пепси, во соработка со Центарот за креативни индустрии – НЕБО

30.09.

Најмал етно-музеј во светот, с. Џепчиште, Тетовско

Отворање на изложбата „Карти – здравици, традиција и аманет на македонското тло“

Кинотека на Македонија

18:00 ч. Навлегувајќи во Бергман, документарен филм, САД, режија: Јан Магнусон, Хинек Палас, 2013 г., 107 мин.

20:00 ч. Диви јагоди, игран филм, Шведска, режија: Ингмар Бергман, 1957 г., 91 мин. 

30.09. – 3.10

Центар за креативни индустрии – НЕБО, с. Суводол, Демирхисарско

„Кино под ѕвездите“ – филмски проекции на отворено во три демирхисарски села 

1.10.

Кинотека на Македонија

20:00 ч. Персона, игран филм, Шведска, режија: Ингмар Бергман, 1966 г., 85 мин.

2.10

Музеј на Македонската борба

10:30 ч. Промоција на музејски водич за креирање музејска програма за деца/лица со аутизам и нивните семејства

12:00 ч. Семинар за музејски работници за стекнување знаење за креирање музејска програма за деца/лица со аутизам и нивните семејства

Бесплатен влез за посета на Музејот само на 2 и 3 октомври

НУ Завод и музеј Битола

12:00 ч.Трибина „Грижата за Хераклеа денес, гаранција за утре“

Кинотека на Македонија

20:00 ч. Есенска соната, игран филм, Шведска, режија: Ингмар Бергман, 1978 г., 99 мин.

ЛУ Народен музеј Велес

Отворање на изложбата на слики на Моника Каргова Дескоска 

3.10.

Музеј на Македонија

10:30 ч. Проекција на етнолошки документарни филмови

Музеј на македонската борба

10:30 ч. Едукативна работилница за деца/лица со аутизам и нивните семејства

Бесплатен влез за посета на Музејот само на 2 и 3 септември

Музеј „Д-р Никола Незлобински, Струга

12:00 – 17:00 ч. „Уште што друго сум, освен што сум канцер на општеството“, патувачка изложба на Дороти Пачкова во Галеријата Вангел Коџоман во Струга

Кинотека на Македонија

20:00 ч. Фани и Александер, игран филм, Шведска, режија: Ингмар Бергман, 1983 г., 188 мин.

Национала галерија на Македонија

Бесплатен влез за посета на постојаните поставки само на 3 септември

2.- 4 .10.

Конзерваторски центар Скопје

Бесплатен влез за посета на постојаната поставка 

4.10

Кинотека на Македонија

18:00 ч. Фани и Александер, игран филм, Шведска, режија: Ингмар Бергман, 1983 г., 188 мин.

20:00 ч. Сарабанд, игран филм, Шведска, режија: Ингмар Бергман, 2003 г., 107 мин.

Музеј „Д-р Никола Незлобински, Струга

20.00 ч. Отворање на изложбата „Допир со минатото“

27.09 – 7.10

Музеј на западна Македонија во НОВ, Кичево

­­­Изложба „Скендербег низ фотографии и документи“

Народен Музеј – Свети Николе

Изложба „Овчеполски ткаенини“

Организирани посети на ученици од основните училишта

НУ Завод и музеј Битола

Изложба „Мис Стон: Помеѓу Елен и автономија“, реализирана во соработка со Кинотеката на Македонија

Природонаучен музеј на Македонија

Бесплатен влез за посета на постојаните поставки

Неолитско село Тумба Маџари

Бесплатен влез за посета на археолошкиот локалитет

Музеј на тутунот, Прилеп

Бесплатен влез за посета на музејот

Локален музеј – галерија Кавадарци

Изложба „Ризница на ликовни дела“

НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

Изложба „Наследството на Мајка Тереза