Со филмот „Човекот што многу го сакаа“ почнува новата сезона на кино-клубот на Францускиот институт во Скопје

Францускиот институт во Скопје, во петок во 20 часот, ја отвара новата сезона на францускиот кино-клуб со проекцијата на филмот „Човекот што многу го сакаа“ во Кинотеката на Македонија.

Трилерот е во режија на еден од најдобрите француски режисери Андре Тешине, а во главните улоги се Катрин Денев, Гијом Кане и Адел Енел.

Цената на билетот е 50 денари и може да се резервира и подигне во Кинотеката на Македонија.