Со фестивалот „Тинтири-минтири“ се отвора летната програма во Кинотека

Со филмскиот фестивал „Тинтири-минтири“, започнува летната програма во Кинотека на Македонија. Фестувалот посветен на детските филмови, но и на филмови кои ги изработиле деце, ќе се одржува од 5 до 7 јуни.

„Завршува училишната година – и ние во Кинотеката на Македонија – ќе го одбележиме тоа на најпримерен начин. Ќе ја направиме Кинотеката еден вид „дневно засолниште“ за децата од летните горештини – и ќе им прикажуваме филмови – кои се надеваме дека не ги гледале и дека нема да ги остават рамнодушни“, посочуваат од Кинотека.

Она се издвојува во нивната програма за јуни е и „Францускиот филмски фестивал“ на кој годинава че бидат претставени два филма кои се типични репрезенти на современата француска филмска продукција. За јуни е најавена и проекцијата на наградуваниот филм „Круг“ кој се занимава со проблематиката за правата на хомосексуалците, како и шведскиот филм „20-годишнина“ кој исто така, на семи-документарен начин се осврнува на еден социјален проблем – школските силеџии и силеџиството.

Во првите денови од јули, пак, во Кинотеката ќе се одржува „Скопје синема сити“ – фестивал на музички филмови. Ќе бидат прикажани шест документарци кои се однесуваат на популарната музика меѓу кои и македонскиот „Уметници за жици“ во режија на Александар Јанковиќ и Александар Даутовски.

Целата програма за јуни и јули може да се види ОВДЕ.