Со едукација за сексуалната злоупотреба децата полесно ги пријавуваат сторителите

Според ново истражување, наставата за сексуална злоупотреба во основните училишта може да им помогне на децата да им соопштат на возрасните ако биле злоупотребувани. Со користење на 24 одделни испитувања на речиси 6000 деца низ целиот свет, истражувачите откриле дека децата кои преку игри, книги и песни, учат за спречување на сексуалната злоупотреба е поверојатно да го пријават својот случај доколку тоа им се случи на нив.

Сознанијата од истражувањето кои беа објавени во средата, покажуваат дека четири од илјада деца кои немале никакви предавања за сексуална злоупотреба откриле одредени форми на сексуална злоупотреба, додека кај децата кои го слушале тој предмет во училиште, бројката се зголемила на 14 од 1000 деца.

Децата кои ги слушаат овие предавања се чини дека подобро би се соочиле со потенцијално опасни ситуации, односно они кои учествувале во едукативните програми, за разлика од другите деца е поверојатно дека би се одбраниле себеси во насилничко сценарио во кое биле прашани да го напуштат училиштето со странец.

Извештајот заклучува: „Иако е успешно во само мал дел од ситуациите, со оглед на распростанетоста на сексуалната злоупотреба на деца, можно е вештините и знаењата научени во оваа програма за превенција да бидат од помош на значителен број на деца“.

Сознанијата се резултати на „Cochrane“, што претставува преглед на испитувања од програми за превенција во САД, Канада, Кина, Германија, Шпанија, Турција и Тајван. Училиштата користат различни методи за едукација на децата за сексуална злоупотреба, вклучувајќи филмови, игри, песни, кукли, книги. Децата кои посетуваат основно училиште ги изучуваат правилата на безбедност, сопственоста врз нивното тело и на кого да кажат. Авторите на извештајот велат дека имало мали докази дека децата кои учествувале во едукацијата, биле загрижени или негативно засегнати на било каков начин.