Со доцнење од еден час, пресечена лентата во училиштето за деца со оштетен вид

Со доцнење од еден час, премиерот Никола Груевски дојде на свеченоста на американската амбасада за отворање на училиштетото за деца и млади со оштетен вид „Димитар Влахов“, во Кисела Вода. Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, претходно го чекаше македонскиот премиер 45 минути, по што реши заедно со министерот за образование Абдилаким Адеми да влезе ги поздрави учениците, јави Телма.

Свеченото пуштање во употреба на новата училишна зграда на државното училиште беше направено во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на слепите лица или Денот на Белиот стап.

Како што соопштија од МОН, новиот објект има површина од 463 метри квадратни и е донација на Европската команда на Армијата на САД, која за овој проект издвои околу 363 илјади долари.

Училишната зграда е опремена со дактилни патеки, специјално наменети за лицата со ошетен вид.