Со блокади во повеќе градови полицијата побара поголеми плати и достоинствена работа

Револтирани поради ниските плати и со барања да се врати достоинството на полицијата, 100 возила денес блокираат дел од улиците во Скопје на протестот кој го организира Независниот полициски синдикат.

Покрај централниот протест во главниот град, Синдикатот организира протести и во уште седум други градови.

Меѓу најглавните барања се зголемување на платите за 25% на вработените во полицијата, шумската, судската и затворската полиција, подобрување на условите за работа, признавање на репрезентативноста на Независниот синдикат на полицијата од страна на Министерството за внатрешни работи.

Под мотото „Само кренат глас ќе се слушне, само крената глава гледа сонце“, полициските службеници протестот го започнаа од раскрсницата пред МТВ, од каде се упатија до Собранието на Северна Македонија, а собирот продолжи пред седиштето на МВР.