Со бесплатен јавен превоз против „шверцот“ на патници

Франција е се повеќе загрижена поради зголемувањето на „шверцот“ на патниците во железничкиот и останатиот јавен транспорт. Затоа дваесет градови решија да преминат на јавен превоз кој целосно ќе биде финансиран од буџетот.

Со бесплатен јавен превоз против „шверц“ на патници
Французите, кои во Европската унија се најпопустливи кон шверцот во јавниот превоз, постигнаа нови рекорди во овој дел што од своја страна ги загрижи надлежните во главната патна мрежа во земјата и предизвика дебата околу тоа дали треба да се зголемат казните или да обезбеди сосема бесплатен јавен превоз .

Возењето без да се плати карта за возење со јавниот превоз во Франција одамна престана да биде чудно, посебно за младите луѓе од предградијата.

На факултетите студентите употребуваат разни „шеми“ каде плаќаат по седум евра месечно, наместо 65 колку што чини месечната карта , па добиваат лажен документ за превоз. Исто таиа и со апликацијата „CheckMyMetro ” им се овозможува во реално време преку паметните телефони да бидат известени дали има контролори во метрото во Париз.

„Ние сме лидери во Европа меѓу оние кои мислат дека измамата во јавниот превоз не е сериозна работа “, изјави универзитетски професор Жилиен Дамон, осврнувајќи се на истражувањата кои ги спроведе истражувачката куќа „Valer“, и Евробарометарот, пренесе хрватскиот портал Бизнис.

„Во Велика Британија, на пример, јавниот транспортот е многу поскап, а  има многу помалку „шверц“ на патници и измами“, вели професорот.

Според истото истражување, во метрото во Рим се шверцуваат 1,1 отсто од патниците, додека во метрото во Париз пет проценти или речиси двојно повеќе во автобусите и трамваите.

„Тоа се случува бидејќи Французите имаат еден парадоксален однос кон законот и државата “, објаснува социологот Ален Meржиер.

„Французите веруваат дека државата е таа која мора да се грижи за законот да биде почитуван, па не сакаат самите граѓани да бидат полицајци “, смета Мержер и додава дека француските граѓани всушност мислат дека јавниот превоз им припаѓа ним, па оттука ако некој не платил билет, не се смета дека украл нешто од државата.

Сепак овој феномен ги загрижува лидерите на државите. Според францускиот министер за транспорт , Фредерик Kивилиера, годишниот трошок за шверц во француските железници е околу 300 милиони евра, додека само за париското метро достигнува 100 милиони евра.

Бидејќи цената на картата покрива само 25 отсто од реалните трошоци за транспорт , дваесет француски градови одлучија целосно да ја укинат контрола на трошоците и да воведат бесплатен превоз .

Бесплатниот јавен превоз се покажа успешен во местото Обањ, кое има околу сто илјади жители. За четири години повеќекратно пораснал процентот награѓани кои користат јавен превоз, додека автомобилскиот сообраќај е намален за 10 проценти.

Извор: Б92