Со бесплатен ден, утре почнува скијањето на Попова Шапка

Снегот, кој падна изминатите денови на Попова Шапка, овозможи почеток на работата на овој ски-центар. Традиционално, скијањето на првиот ден ќе биде бесплатно за сите посетители. Почетокот e во 9 часот , а во функција ќе бидат сите лифтови и двете жичници: „Церипашина“ и „Св.Илија“.

И годинава ќе важат истите цени – дневниот билет, кој важи од 9 до 16 часот, ќе се продава по цена од 900 денари, полудневниот билет, кој важи од 12 до 16 часот, е 600 денари, а билетот за ноќно скијање, кој важи од 19 до 22 часот, ќе чини 500 денари. За младите скијачи до 12 годишна возраст билетот ќе чинат 400 денари, а цената на сезонскиот билет останува 10.000 денари.