Со 5.000 евра казнет сторителот кој го исече дрвото пред ТЦ „Мавровка“

Лицето кое го исече дрвото пред трговскиот центар „Мавровка“ е казнето со 5.000 евра, објави на својот фејсбук профил градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

„Во ова време, невреме, успеавме со скромните градски видео можности да го идентификуваме лицето кое што бесправно ги исече дрвата пред Мавровка“, напиша Шилегов на Фејсбук.

Во ова време (невреме) успеавме (со скромните градски видео можности) да го идентификуваме лицето кое што бесправно ги исече дрвата пред Мавровка. Казната што е изречена изнесува 5.000 евра за сторителот …

Posted by Петре Шилегов on Monday, 6 April 2020

Претходно, на 30 март од Фејсбук страницата на Град Скопје соопштија дека пред деловниот објект „Мавровка“ од непознат сторител е исечено едно здраво дрво.

„Крстосницата кај Судска палата е една од најзагадените точки во градот, а дрвото е исечено без одобрение од надлежните градски служби. Градските комунални инспектори го истражуваат случајот и сторителот ќе биде казнет“, стои во објавата на Град Скопје.

Оттаму апелираа граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини.