Сноуден: Пострашно од фактот дека Фејсбук одобрува лажни вести е што публиката верува во нив

Откако Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД, најголемата социјална мрежа Фејсбук е обвинувана дека со објавување на лажни вести придонела за исходот на изборите.

Според истражувањата, лажните вести поврзани со изборите добиле поголемо внимание од вистинските вести на Фесјбук. Марк Закерберг тврди дека лажните вести не влијаеле на Фејсбук, и обвиненијата се „луди“.

Сега и Едвард Сноуден се вмеша во јавната дискусија за улогата на Фејсбук во изборите. Пребегнатиот свиркач и поранашен аналитичар на НСА смета дека реалниот проблем не се лажните вести, туку фактот дека електоратот многу лесно верува во нив.

Сноуден смета и дека проблемот лежи во недостаток од конкуренција во сферата на социјалните медиуми, и тоа дека Фејсбук, Твитер и неколку други клучни играчи се единствен извор на вести за многу луѓе.

„Во моментов се случува голема контроверзија, конкретно за овие избори, која се однесува на Фејсбук“, изјавил Сноуден на Fusion’s Real future саемот преку „сноубот“ – роботски уред преку кој Сноуден прави повици од своето живеалиште во Русија.

„Доколку е вистина дека Фејсбук влијаел на изборите и Фејсбук објавувале лажни вести на своите страници по цели денови, а ние сме биле убедени од тоа, мислам дека тоа е многу тажно обвиние за нашата демократија што нашите гласачи се толку лесно измамени“.

Сноуден ја критикува и централизацијата на моќ во сферата на социјалните медиуми, предупредувајќи дека монополизацијата на таква медиумска моќ може да доведе до опасни последици. Сугерира дека кога една ваква платформа прави лош избор, секој е принуден да страда.

Место тоа, предлага федералистичка верзија од Фејсбук, на која голем број меѓусебно поврзани страници на Фејсбук потојат и можат да ги исполнуваат сопствените правила.

„Желбата на Силиконската долина за масовни, светски услуги, размерот кој го зафаќа не само во САД туку и во сите други земји, бара од нас да прифатиме статус кво во кој ја одбиваме конкуренцијата за сметка на размерот. Треба да бидеме особено внимателни за прифаќање на ова и да не дозволиме да стане вистина“.

„Се чини дека нема алтернатива за големите мрежи. Поради овој мрежен ефект, кога ќе си направите профил на Гугл, Фејсбук или Твитер, никогаш нема да исчезне“.

Вели и дека не може да опише колку смета дека е опасно што само една компанија има толкава моќ да го обликува начинот на кој размислуваме.