Сноуден од САД изнел 1,7 милиони тајни документи

Гардијан го прогласи Едвард Сноуден за личност на годинатаПоранешниот вработен во американската Национална агенција за безбедност, Едвард Сноуден во потенцијална опасност ги доведол воените сили на САД во странство, соопштија официјални претставници на американските власти. Тие нагласуваат дека тој изнел 1,7 милиони тајни документи, главно од воен карактер.

Како што изјавија претседателот на Одборот за разузнавачки работи на американскиот Конгрес, Мајк Роџерс и неговиот заменик Дач Раперсберг, Сноуден ги довел во потенцијална опасност воените сили на САД поради тоа што ги открил шпионските методи кои ги спроведуваат.

За директорот на ФБИ, Џејмс Ками пак луѓето како Сноуден не се вознемирувачи за јавноста, бидејќи весниците „Њујорк тајмс“ и „Гардијан“, побараа да биде помилуван и награден наместо против него да се води судска постапка за предавство.

Ками вели и дека Сноуден не може да се смета за вознемирувач поради тоа што НСА работи под надзор на Конгресот и не спроведува ништо илегално.

Сноуден сега живее во Русија, каде успеа да добие азил. Минатата година случајот „Сноуден“ го стресе светот, некогашниот службеник во НСА се најде на насловните страници на светските медиуми, а од „Гардијан“ беше прогласен за личност на годината.