Сноуден ги чини САД неколку милијарди долари?!

Началникот на Генералштабот на американските вооружени сили Мартин Демпси изјави денеска дека на САД ќе им требаат две години и повеќе милијарди долари за да ја надминат штетата која според него, ја нанел поранешниот службеник на Агенцијата за национална безбедност Едвард Сноуден со објавувањето на информации.

Сноуден ги чини САД неколку милијарди долари?!

Според него, повеќето документи кои ги земал Сноуден биле поврзани со војската.

Генералот Демпси во обраќањето до Комитетот за вооружени сили во Претставничкиот дом истакна дека е воспоставена работна група која треба да го утврди обемот на кражбата на Сноуден на документи и да пронајде начин за надминување на проблемот.

Тој истакна дека поради обемот на работа, на работната група ќе и требаат околу две години за да ја заврши работата.

Едвард Сноуден, кој лани беше прогласен за личност на годината од еминентниот британски весник Гардијан, објави повеќе од 200 илјади документи кои ја открија екстензивната и нападна природа на следењето на телефоните и интернет надзорот и собирањето на разузнавачки информации од страна на САД и нивните западни сојузници.