Снимка со дрон покажува што остана од сирискиот град Палмира

Снимката со дрон дава поглед од птичја перспектива над Палмира, откако сириските владини сили, поддржани од руските воздушни сили, во неделата ги повлекоа војниците на Исламската држава. Со нивното повлекување, заврши контролата на групата врз градот и неговите познати остатоци стари 2 000 години. Во видеото е прикажан античкиот град и воениот аеродром на Палмира.