Од социјалната мрежа Снепчет информираат дека престаналe да го промовираат профилот на претседателот Доналд Трамп. Па така, повеќе нема да се појавува во опцијата „Откриј“ („Discover“). Од компанијата преку соопштение објаснуваат дека „нема да ги засили гласовите кои поттикнуваат расно насилство и неправда“.
Одлуката следува откако претседателот Трамп, велејќи дека „злобни кучиња“ и „злокобно оружје“ би биле употребени против демонстрантите доколку тие ја преминат оградата на Белата куќа.
Претходно, Твитер одлучи да скрие некои од натписите на претседателот.
Од матичната компанија на Снепчет, „Снајп“ соопштија: „Расно насилство и неправда немаат место во нашето општество и ние стоиме заедно со сите кои бараат мир, љубов, еднаквост и правда во Америка“.
Претседателот потоа потпиша извршна наредба во обид да ги спречи правните заштити што се нудат на индустријата.
Твитер подоцна скри еден од твитовите на претседателот за кршење на нивните правила за „славење на насилство“.
Потегот на Снепчeт значи дополнителен притисок и на Фејсбук.
Неговиот главен извршен директор Марк Закерберг се спротивстави на внатрешните и надворешните повици да интервенираат во врска со постовите на својата платформа. Тој рече дека принципите на слободниот говор на фирмата значат дека објавите на претседателот треба да бидат оставени непроменети.
Претседателот Трамп има повеќе од еден милион следбеници на Снепчет. Иако со новата одлука на компанијата, неговиот профил нема да биде суспендиран или избришан, фактот дека нема да се појави во категоријата „Откриј“ значи дека неговите објавувања ќе ги гледаат само луѓе кои го „следат“ или директно го пребаруваат неговиот профил.
Извор: BBC